Компанијата HTC и официјално ги претстави првите две реклами за својот нов паметен телефон, долгонајавуваниот модел One M9. HTC и овојпат ја продолжи традицијата за претставување на новите модели со помош на позната филмска ѕвезда.
Според зборовите од компанијата, новиот HTC One M9 претставува еволуција, за разлика од револуцијата која ја донесе неговиот претходник.
Процесорот кој го придвижува новиот паметен телефон е octa-core Snapdragon 810 со 64-битна архитектура кој во комбинација со 3GB RAM меморија може слободно да си го резервира првото место на списокот на најбрзи телефони на светскиот пазар.
Екранот е со големина од 5 инча и нуди FullHD резолуција, додека кај дизајнот нема некои посебни новини. Куќиштето е алуминиумско, а познато е дека HTC доби голем број на пофалби од страна на корисниците и критичарите за изгледот и дизајнот на својот најдобар модел.
За да се презентира новиот модел на традиционален начин кој е карактеристичен за HTC, тајванскиот гигант HTC му плати неверојатни 12 милиони долари на Роберт Дауни Џуниор за токму тој да биде дел од новите рекламни спотови.