Американски исламист: "Сакав на Обама да му пукам во глава, и потоа да продолжам понатаму"

20-годишниот Кристофер Ли Корнел, кој е обвинет дека планирал напад на вашингтонскиот Капитол хил, од затвор се јавил во телевизиска станица во Синсинати, и им кажал на новинарите дека сакал да оди во престолнината и да му пука на Обама во глава, претседателот на САД.

WXIX-TV вчера емитувала дел од интервјуто, само неколку часа откако адвокатот на Корнел безуспешно се обидел да го спречи тоа, наведувајќи дека емитувањето ќе го загрози правото на чесно судење на неговиот клиент.

Huffington Post пишува дека новинарот го прашал Корнел што би направил доколку не бил уапсен во јануари, а тој одговорил дека ќе земел еден од своите пиштоли.



"Веднаш ќе го ставев кај Обама на чело, ќе пукав, а потоа ќе ги застрелав и членовите на Сенатот и Претставничкиот дом. Ќе ги нападнев и израелската амбасада и многу други згради", рекол Корнел.

Тој за време на интервјуто повеќе пати се изјаснил како муслиман и навел дека сакал да го изврши нападот поради американската агресија против неговиот народ.



"Тие можат да кажат дека сум терорист, но и ние на американските трупи гледаме како на терористи, кои доаѓаат на наша земја, крадат и убиваат", вели Корнел, кој пораснал во предградието на Синсинати.

Тој тврди дека поддршката за Исламската држава е голема.

"Ние сме во Охајо. Ние сме насекаде. Ние сме многу поорганизирани од што мислите", рекол Корнел.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О