Саемот за автомобили во Женева оваа година минува главно во знакот на скапоцените суперавтомобили и имагинативните концепт модели, меѓутоа, еден од најголемите производители на пневматици Goodyear претстави нов револуционерен производ кој е во состојба да ја полни батеријата на електричен автомобил во движење.
Еден од најголемите проблеми на електричните автомобили, т.е. нивната инфраструктура е стравот од празни батерии, а Goodyear се одлучи да понуди и свое решение за овој проблем.
Основната идеја на "BH03" пневматикот е да се користи топлината добиена во текот на возењето која притоа ја претвора во електрична енергија која ја напојува батеријата на автомобилот.
Пневматикот е сочинет од слоеви на термо-пиезоелектрични материјали, а во соопштението на Goodyear се наведува дека овој пневматик произведува електрицитет со помош на материјалите во неа кои можат добиената топлотна енергија која се добива при возењето да ја складираат и трансформираат.
"BH03" пневматикот на својата површина има посебни текстури кои ја апсорбираат светлината и топлината. Сончевата светлина ги загрева пневматиците, додека автомобилот е паркиран и на тој начин додаваат топлина која може да се претвори во електрицитет.
Goodyear во оваа прилика претстави и уште еден концепт, пневматик со три цевки под надворешниот слој кои се способни за саморегулација на притисокот во зависност од условите на патот.
И двата вида на пневматици се и понатаму во фаза на концепт кои можеби и нема да се пласираат наскоро на пазарот, но секако ни даваат увид во процесот на модернизација на автомобилската индустрија.