Целиот кварт во Истанбул еден месец се подготвувал за снимањето на рекламата на нова корисничка служба на мобилната телефонија, односно цел кварт - освен Мухарем, кој бил роден глувонем.
Така на Мухарем, момчето од оваа вистинита приказна, му приредиле утро кое ќе го памети целиот живот.
Мухарем, како и секој ден, излегол од својот стан со својата сестра. Се изненадил кога еден сосед на знаковен јазик му посакал добро утро, а уште повеќе се изненадил кога продавачот во пекарата "со рацете" му објаснил што е топло, односно тазе извадено од печката.
На крајот, на улицата, на еден видео-екран, му се појавила девојка и му објаснила за што станува збор. Турски произведувач на мобилни телефони отворил корисничка служба само за глуви лица. И тука, на плоштадот, околу Мухарем се собрала целата екипа која еден месец му го подготвувала изненадувањето.
Мухарем во тој момент го преплавиле емоции и заплакал. Така настанала една од најубавите реклами кои сме ги виделе во последно време.