Во овој град сите се вработени, а платата е 1.200 евра!

Мариналеда е мал андалузиски град на југот на Шпанија, познат уште и како "демократска утопија". Веќе со години наназад тој успешно му дава отпор на капитализмот и заработува главно од земјоделство.

Иако секоја година се објавува листа на најдобрите земји и градови за живеење, постои едно шпанско гратче кое можеби најверојатно никогаш нема да го најдете на ваквите листи, иако според сето она што го нуди за живот би било прв избор на поголемиот дел од светската популација. Се работи за гратчето Мариналеда кое се наоѓа на југот од Шпанија и кое се простира на 25 квадратни километри, а во него живеат 2.700 луѓе.


Опкружен со плантажи од маслинки и пченични полиња, ова градче веќе со години наназад успешно му дава отпор на капитализмот. Од почетокот на финансиската криза во 2008-мата година, ова место прерасна во едно од ретките во Шпанија во кои животниот стандард успеал да скокне. Најзаслужен за тоа бил градоначалникот Хуан Мануел Санчез Гордијо, кој не случајно го добил и прекарот Шпанскиот Робин Худ.

Тој во месец август минатата година организираше и низа од кражби во шпанските супермаркети, во знак на протест против капитализмот. Основните намирници како што е оризот и маслото биле земени во корпите за пазарење и изнесени од продавниците, а потоа им биле поделени на сиромашните, додека касиерите беспомошно ја надгледувале сцената.
Во интервју после ова случување, Гордијо, кој е на чело на Мариналеда уште од 1979-тата година, изјавил дека тоа не било кражба, туку ненасилен акт на непослушност.



- Постојат семејства кои едноставно не можат да си ја дозволат храната. Во 21-виот век тоа е срамота. Храната е основно право, а нешто за кое треба да се шпекулира, изјави тој.

Зошто е Мариналеда вистинска утопија?

Секој кој сака да изгради куќа во споменатиот град може тоа да го направи потполно бесплатно. Неопходниот материјал и работниците ги обезбедува градското собрание, а семејствата се обврзани единствено да плаќаат 15 евра месечно до крајот на својот живот, за рефундирање на трошоците за материјалите, со договор дека куќата не може да биде продадена заради лична добивка.



И додека невработеноста во Андалузија изнесува 37 отсто, во Мариналеда таа е еднаква на нула. Сите 2.700 жители работат и тоа главно на плантажи и фарми, а сите работници се плаќаат подеднакво, и тоа по 1.200 евра месечно, што во однос на месечните издатоци е сосема доволна плата.



Градот Мариналеда исто така има и своја телевизија и радио, полицијата овде не постои, а градоначалникот Хуан Мануел Санчез Гордиљо вели дека тоа е така затоа што според шпанскиот закон врз основа на бројот на жители овде треба да има четири до седум полицајци. Тој смета дека полицајците и не им се потребни зашто овде сè се прави доброволно.



- Мораме да размислиме за сопствените вредности, потрошувачкото општество и важноста која им ја придаваме на парите. Мариналеда е само мал пример и би сакале нашето искуство да се прошири и во остатокот од светот, вели Гордијо.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О