И покрај тоа што бил строго чуван од очите на јавноста, на интернет се појавиле првите фотографии од најновиот руски тенк "T-14 Armata".
Целосно новиот тенк бил снимен за време на транспортот со воз на полигон надвор од Москва, непосредно пред одбележувањето на Денот на победата на 9. мај, на Црвениот плоштад во Москва.
Иако тенкот е делумно камуфлиран, за да се сокрие неговата големина и изглед, гасеницата со 7 тркала е јасно видлива.
Тенкот очигледно поседува најнова генерација на топ, со калибар 125 мм.
На парадата исто така ќе биде прикажано и останатото вооружување на руската војска: Напредните тешки оклопни возила "Kurganet 24" и "Bumerang", оклопните возила "Tajfun-U", подвижната хаубица "Koalicija-SV" и ракетниот систем "Kornet-D".
По пет години развој, Корпорацијата за истражување и производство "Урал вагон завод", го завршила производството на првата серија "Армата" тенкови и тешко оклопни транспортери. Трие во рускиот систем на одбрана ќе бидат воведени оваа година.