Угледниот шпански весник "AS" спроведе анкета во која своите читатели ги запраша: „Дали би го задржале Герет Бејл во стартниот состав на Реал Мадрид?“...
Одговорот на навивачите на Реал Мадрид воопшто не изненадува после поразот на „Кралевите“ од Барселона минатата недела и новата бледа партија на Герет Бејл.
Дури 68,3% од читателите сакаат Бејл да биде преселен на клупата за резервни фудбалери. Инаку, Велшанецот беше единствениот фудбалер на Реал Мадрид кој не доби оценка после дуелот со Барса, иако ги одигра сите 90 минути.
После просечното прво полувреме на „Камп Ноу“, Бејл во вториот дел беше речиси невидлив. Во вторите 45 минути имаше само седум додавања, а само две во последните 30 минути од натпреварот. За споредба, Лукас Силва влезе во игра во 88-ма минута и имаше четири успешни додавања.
Каде исчезна Бејл во последните 30 минути од „Ел Класико"?
Бејл е најлошиот „додавач“ на „Ел Класико“ со 58,6% успешни додавања, односно Велшанецот грешел речиси на секое второ додавање. Овој процент е уште понизок ако се земат во предвид додавањата кои ги направил на половината на Барселона - 47,6%.