Овој ласер именуван како "ATHENA" има неверојатен домет од дури една милја, а на првото тестирање страдаше автомобил кој бил импровизирана мета.
- Автомобилот не е разнесен, туку едноставно – запрен. Ласерот го онеспособил за да продолжи со понатамошно движење, што се смета дека е добра карактеристика, со оглед на фактот дека остава можност и за фаќање на непријателот, наместо негова ликвидација, изјавил еден од членовите на инженерскиот тим.
После автомобилот, втора мета на ред бил воен чамец, а во тој случај ласерот се покажал како подеднакво ефикасен. Единствено што не е обелоденето е дали биле направени тестирања и во воздух.
Она што на Американците им дава предност со овој ласер е фактот дека тој може подеднакво да неутрализира како копнени, така и закани од воздух, а за американските стандарди, цената на овој ласер е сосема пристапна.