Православна црква на крајот на светот која ќе ве воодушеви!

На ова изолирано место волонтираат свештеници веќе неколку години, а интересно е и тоа дека свештените лица се воедно и дел од екипажот на истражувачката станица.

Црквата Света Тројца е мала руска православна црква која се наоѓа на Антарктикот, а поради својата оддалеченост и необична локација привлекува внимание кај сите верници, но и кај оние кои не се верници.

Најјужната православна црква на светот се наоѓа на островот Крал Џорџ. Идејата за да се изгради прва црква или манастир на Антарктикот се појавила уште во 1990-тата година, а проектот заживеал подоцна кога бил одобрен од страна на тогашниот руски патријарх Алексиј II. После тоа се започнало собирање на донации ширум Русија.





Црквата е изградена од сибирски бор во традиционален руски стил и има височина од околу 15 метра. Градбата е поставена на возвишението над истражувачка станица Bellingshausen и може да прими околу 30 верници.

На сликите е прикажан рускиот свештеник Софрони Кирилов (38) како се моли и со ѕвонење означува почеток на нова молитва или литургија.





Црквата е основана на 15-ти февруари, од страна на епископи и игумани кои специјално за оваа прилика го посетија Антарктикот заедно со други свештени лица.

Свештениците кои тука волонтираат, дојдени се пред неколку години а интересно е дека и самите тие всушност го сочинуваат тимот на истражувачката станица. Нивна основна задача е да се молат за душите на 64 руски истражувачи кои загинаа на Антарктикот во експедиции.







ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О