На Саемот во Белград продаден Mercedes за 216.000 евра!

Саемот за автомобили во Белград покажа дека за поединци еден автомобил кој вреди повеќе од 200.000 евра не претставува никаков луксуз!

Всушност, овој Саем за автомобили во Белград покажа тренд за купување на автомобили до 14.000 евра или над 50.000 евра, па средина се чини дека едноставно нема.

Ова значи дека некој среќник со сигурност нема да плаче, како што сугерира слоганот на Саемот за автомобили во Белград, бидејќи тој ќе може да седне зад воланот на сега веќе својот Mercedes S63 AMG Coupe, вреден 216.000 евра. Овој модел е продаден во текот на вториот ден на Саемот, а свој купец сè уште чекаат престижните Maybach и AMG GT кои имаат и слични цени.









Всушност, станува збор за најмоќниот модел кој поседува 585 КС и неговото забрзување до 100 километра на час изнесува околу 4 секунди, додека брзината му е електронски лимитирана на 250 километра на час.

Предноста на купувачот од Белград е во тоа што ќе го чека многу помалку отколку купувачот кој на пример живее во Женева или Штутгарт.

На овој Саем се веќе продадени четири Range Rover модели од по 100.000 евра, најпрестижниот Jaguar кој има слична цена, а стигнаа и три порачки за автомобил кој не е изложен на саемот, а чини повеќе од 50.000 евра – Volvo XC 90, што значи дека купувачите во Србија се очигледно со длабок џеб и навистина ги следат трендовите.





На оние кои пак немаат голем буџет, а сепак сакаат да се подноват со автомобил, за прв пат оваа година им беше понудено да им го понудат на дилерите својот стар автомобил како учество во кредитот.



Во првите два дена на овој саем биле продадени само 10 до 20 автомобила по штанд, додека на пример, во 2008-мата година тој број минувал рекордни неколку стотици продадени возила.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О