На фејсбук страната на битолскиот Пленум е објавено видео снимено денес каде професорка ги принудува учениците да одат на настава, а друга професорка им се заканува дека учеството на маршот ќе им се одрази во поведението.
– Вие од трето осум качувајте се одма горе, за десет минути – им вели професорката. Кога средношколците ќе и речат дека одат на протест за што имаат право, таа им одговара:
Притисoците прoдoлжувaaт и пред мaршoт.Среднoшкoлскиoт Пленум се oгрaдувa oд секaквo вaдење oд кoнтекст нa видеoтo.
Posted by Средношколски Пленум - Битола on Tuesday, March 24, 2015
–Ти доста, со тебе не разговарам. Не ме интересира, од трето осум ме интересираат. Значи ве молам овој и другиот час да бидете со мене. Ќе ве запишам сите кои нема да дојдете. Страшно ќе се разочарам ако не појдете горе. Што е проблемот, што сакате да правите? – им вели професорката, пренесе А1он.
– Не сакате да се качите, добро немојте, ама немојте да дојдете на крајот на годината и да барате повединието да ви се врати назад. И за факултет ви треба и за до крај на животот – им рече директорката на учениците.
Пленумот претходно потсети дека во кривичниот законик, во член 155, став 1 се вели: „Тој што со сила, сериозна закана, измама или на друг начин, ќе спречи или ќе смеќава, свикување или одржување мирен и јавен собир, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“.