Една жена продавала рози во преполн воз во САД, кога ѝ пришол маж и ја прашал колку рози има и колку чинат.
Продавачката му рекла дека има 140 рози и дека секоја чини по еден долар. Жената била шокирана кога човекот од џебот извадил 140 долари и ги платил сите рози.
Меѓутоа, наместо да го земе купеното цвеќе, тој ѝ рекол бесплатно да го подели.
„Морате да ги поделите. Немојте повторно да го продавате ова цвеќе, поделете го. Ветете ми дека ќе го поделите“, рекол дарежливиот маж.
Жената почнала да плаче и продолжила со плачењето откако мажот излегол од возот.
Малку се прибрала и викнала:
„Секој што сака роза, може да дојде и да си земе една!“.