Кристијано Роналдо пред натпреварот со Атлетико одигран во рамките на ЛШ на загревањето изведуваше слободни удари, но еден од нив заврши во публиката и топката удри во малечок навивач на трибините. Како што пренесува Bleacher Report, Роналдо забележал дека неговиот удар завршил во публиката и по загревањето заминал кај публиката за на детенцето да му го даде дресот како еден вид извинување за незгодата.