Идеални се за секоја прилика затоа што се подготвуваат за максимум 20 минути.
Потребно ви е:
2dl вода
550g шеќер
300g мелени ореви
300g мелени бисквити
250g путер
100g чоколадо за готвење
За чоколадна глазура:
150g чоколадо за готвењe
2 лажички масло
Подготовка:
Во голем лонец ставете ја водата со шеќерот да се загрее, додека целосно не се растопи. Потоа додајте го и путерот. Кога и тој ќе се растопи целосно, додајте ги оревите и мелените бисквити и непрестанато мешајте. Треба да добиете изедначена смеса.
Добиената смеса поделете ја на 2 еднакви дела. Во едниот додајте го растопеното чоколадо, а во вториот може да додадете рум ако сакате или да го оставите така.
На чинија или тава поставете мрсна хартија за печење, а потоа ставете го првиот чоколаден дел од смесата и со раце обликувајте квадрат или правоаголник. Повторете ја постапката и со вториот дел.
Чоколадото за глазура истопете го на пареа и додадете малку масло. Прелијте ја бајадерата.
Најдобро е да отстои неколку часа во фрижидер пред послужување. Исечете коцки или правоаголници и уживајте!