1. Не се плаши да ги покаже емоциите
Кризата во една врска многу често настанува поради малото внимание што си го посветуваат партнерите. Доколку имате личност во својот живот, но покрај неа не се чувствувате сакано или ценето, тогаш нешто недостасува. Замислете го сега спротивното од ова - личност која секогаш умее да го искористи моментот за да ви покаже дека ве цени и дека ве сака. Бидете токму таква личност кон жената во која сте заљубени. Таа особено ќе го цени фактот што покажувате внимание и љубов.
2. Претставува нејзина главна поддршка
Без разлика дали оди во крајност, односно сонува за нешто што според останатите нема шанси да го реализира во стварноста. Жените во својот партнер ја гледаат основната поддршка за сè што прават во животот, од ситници до големи нешта. Личноста која е покрај вас треба да е онаа што ќе ве турка за да се трудите уште повеќе или да ве утеши кога ќе доживеете пад.
3. Прави таа да се чувствува добро во својата кожа
И тоа не само преку зборови со кои кажува дека е убава. Преку своите постапки тој прави таа да се чувствува сигурна во себе и и дава дополнителна самодоверба. За разлика од многу други, многу добро ги забележува промените и трудот што го вложува. Дури и кога таа не е баш во најдобро светло, тој не дава грди забелешки.
4. Прави да се чувствува безбедно
Една од главните карактеристики што жените ги ценат кај спротивниот пол е она чувство на безбедност што им го даваат преку своето однесување. Има многумина кои поседуваат одлична смисла за хумор, добро изгледаат, односно сè на сè делуваат како добра прилика, но ако жената не се чувствува безбедно покрај нив ништо друго не е важно.
5. Искреност
Искреноста е карактеристика што денес ретко се наоѓа. Затоа жените особено ценат, доколку наидат на личноста која е потполно искрена и отворено разговара за себе и она што го мисли. Освен тоа, со своето однесување ја поттикнува и неа да биде отворена и искрена. Тоа е основата на една добра врска.