Audi A7 quattro: Колку е вистински моќен quattro погонот?

Audi со новото видео оддава почит на својот quattro погон кој годинава полни 35 години. За прв пат овој систем дебитираше во 1980 година на моделот Audi Quattro, а во меѓувреме стана еден вид заштитен знак на германскиот производител и вистински бенд меѓу погоните на сите четири тркала.

Во текот на годините моделите се менуваа, но quattro опцијата остана изборот на оние кои сакаат нешто повеќе од своето Audi. Во последните години Audi лансираше и SUV и кросовер модели, со што овој погон доби уште повеќе важност. Сепак компанијата сака да покаже дека со quattro погонот дури и лимузините можат да совладуваат тешки терени.


Тие го тестираа Audi A7 Sportback quattro на дините во околината на Дубаи, каде вообичаено возат теренци со многу поголеми тркала и поголемо растојание од површината до подвозјето на автомобилот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О