Не е лесно да се биде манекенка во Русија...

Две руски манекенки за потребите на една кампања, морале да прегрнат вистинска мечка, и тоа носејќи само долна облека.

Мечката била партнер на моделите Марија Сидоровој и Лидија Фетисовој во фотокампањата на уметничката Олга Баранцева, чија цел е да го спречи ловот на мечките.

Животот на оваа мечка ѝ го спасил извесен Јури Пантеленко, откако ја пронашол повредена во шума и раздвоена од својата мајка.

Бидејќи од тој ден самиот ја пораснал, таа никогаш нема да може да се врати самостојно во природата. Затоа сега често се појавува во руски филмови, но и во кампањи како оваа.

За да ја "подмитат" мечката, снимателите и давале моцарела и колачиња.

"Реалноста е многу полуда од имагинацијата, кога се среќавате со едно толку големо животно. Го галев, разговарав со него, се криев под неговите огромни шепи", рекла манекенката Марија.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О