Снимки од дрон: Погледнете што направил земјотресот во Непал

Бројот на загинати константно расте, а преживеаните се борат со глад, жед и разни болести.

Повеќе од 48 часа по потресот со магнитуда од 7,8 степени кој го погодил Непал, и во кој загинале повеќе од 3.700 луѓе, станува многу јасно колкав е обемот на уништеност.



Додека луѓето во Катманду ги бараат своите сакани и се обидуваат да најдат дом и храна, видеата снимени со помош на дрон најдобро покажуваат колкава штета предизвикал саботниот земјотрес.


Кишор Рана кој објавил едно до видеата снимени од воздух, напишал дека ова е тешко време за Непал, но дека во вакви времиња сите мора да бидат обединети.

Повеќе илјади луѓе загинале, а 6.500 се повредени. Многумина останале без своите домови, а земјата изгубила и културни наследства. Во земјотресот, како што е видливо на снимките, биле уништени бројни историски и културни споменици.

На луѓето во Катманду им недостигаат засолништа, гориво, храна, лекови. Ситуацијата веројатно ќе стане и полоша во местата до кои не може да се дојде поради одроните.

Според пишувањето на Independent, тагата полека се претвора во бес, додека расте стравот од жед, глад и болести.

"Никој од владата не дојде да ни понуди ниту чаша вода", се пожалила една од жртвите на земјотресот.

Околу 30.000 луѓе моментално живеат во 16 импровизирани кампови надвор од Катманду.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О