„Лошите лозинки се едни од наједноставните начини за да се компромитира системот. За многу едноставна лозинка од осум знаци може да е потребно помалку од минута за да мине компјутерот низ сите можности и да ја открие“, изјави Сноуден во емисијата Last Week Tonight со Џон Оливер.
Според Сноуден, треба во предвид да се земат фразите кои лесно се паметат, а се многу ефикасни.
„Размислете за некоја фраза што ви одговара, треба да биде предолга за да се пробие, а не се наоѓа во речникот“, вели Сонуден, кој за пример ја даде лозинката „margaretthatcher100%sexy“.