Командосите ги нападнаа Исламистите, но ги дочека и големо изненадување!

Француските командоси сосема случајно ослободија Холанѓанец кој се наоѓал во заробеништвто на исламистите на Ал-Каеда цели четири години.

Всушност, караванот на џихадистите бил пресретнат вчера во пустината Сахара, а после борбата во која биле убиени исламистите, специјалците се изненадиле кога сфатиле дека тие со себе воделе и еден заложник, пишува британски Telegraph.

Сјаак Ријке, 54-годишен Холанѓанец, бил киднапиран пред повеќе од три години со уште двe лица додека престојувале во хотел во Тимбукту, во Мали.




- Не знаевме дека со исламистите се наоѓа и еден заложник, немавме никаква информација за него и бевме потполно изненадени, изјави за француската телевизија претседателот Франсоа Оланд.



Тој потенцирал дека командосите биле во рутинска обиколка во подрачјето на западна Африка каде се борат со силите на Ал-Каеда. Тоа било прв пат за француските војници да ослободат заложник во овој регион.



Сите кои досега успеале да се ослобат од заложништвото го направиле тоа откако платиле откупнина. Исламистите до сега на ваков начин заработиле милиони со кои потоа ги финансираат своите воени походи.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О