„Бомба“ за Скопје 2014 од 18 часот пред влада

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, преку својот Фејсбук профил ја најави 35-та „бомба“ на опозицијата, која ќе биде објавена од кампот пред владата.

„Инаку, денешната трибина во Кампот на слободата (18.00 часот) има бајаги бомбастична најава – напиша Шилегов на Фејсбук.

Според програмата, за вечерва од 18 часот е најавена дискусија насловена како „СКОПЈЕ 2014 НИЗ ПРИЗМАТА НА ГРАЃАНИТЕ”, што укажува на тоа дека денешната „бомба“ е поврзана со овој контроверзен проект.


Говорници на дискусијата, веднаш по „бомбата“, ќе бидат:

– Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ
– Елеонора Петрова Митевска, универзитетска професорка
– Даница Павловска, иницијатива “Го сакам ГТЦ”
– Небојша Вилиќ, универзитетски професор
– Владимир Вангелов, граѓански активист
– Александар Вујиќ, граѓански активист
– Роберт Алаѓозовски, есеист и критичар


Од 20:30 до 22:00 ќе има настап Amon Mra – Songs of Freedom.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О