Џеј Ло не се откажува од провидното: Сепак, да не претера?

Знаеме дека Џеј Ло обожува да го истакнува својот сексапил во секоја ситуација, а нејзиниот омилен начин за тоа се провидни тоалети и блузи. Ни овој пат не се откажала од тоа.


Џенифер се појавила на музичкиот фестивал "Mawazine" во Мароко во необична комбинација на широки пантолони и чипкаста блуза. Целосно провидната блуза го открила градникот на дивата, но се чини дека нејзе тоа не и` пречело додека насмеана позирала пред фоторепортерите.


Меѓутоа, не е оваа блуза проблемот. Проблемот е во тоа што вакви изданија на Џенифер Лопез видовме веќе многу пати досега.


После нејзините изданија на Мет Гала свеченоста и Билборд наградите, модната критика почна да се сомнева во стилот на музичката ѕвезда. Иако досега немаше многу критики на нејзина сметка, се` погласни се оние кои тврдат дека Џеј Ло почна да се копира сама себе и дека премногу пати досега видовме исти или слични нејзини изданија. Тоа се или премногу длабоки шлицови или провидни тоалети и блузи како оваа која ја носела во Мароко.


Она во што нема сомнеж, е тоа дека Џеј Ло изгледа одлично за нејзините 46 години, но дали треба нешто да промени кога станува збор за стилот? Модната критика се` погласно вели дека треба.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О