
Неш (86), чиј живот беше инспирација за филмот „A Beautiful Mind“, заедно со својата сопруга Алисија (82) се наоѓале во такси кое било дел од сообраќајна несреќа. Од јачината на ударот двојката излетала од возилото, а починале на лице место, соопшти полицијата.
Неш беше математичар познат по работата на полињата на теоријата на игрите, диференцијална геометрија, алгебра и парцијални диференцијални равенки, но и работата на моделот на случајност. Во еден момент од животот му била дијагностицирана шизофренија, а неговата сопруга Алисија била покрај него во најтешките моменти.

Неговите теории денеска се користат во маркетиншката економија, еволуционата биологија, сметководството, во областа на вештачка интелигенција и во воени организации.
За својот придонес во 1994 година Неш ја освои Нобеловата награда за економија, а филмот „A Beautiful Mind“ за неговиот живот е снимен во 2001 година, со Расел Кроу во главната улога. По соопштувањето на трагичната вест Кроу реагираше преку својот Twitter профил.

