Каква промена! Погледнете како изгледаат денес прочуените "Спајсици"

Женскиот бенд "Spice Girls" одбележа една посебна поп-денс ера која беше особено изразена кон средината на деведесетите години. Нивните хитови како "2 Become 1", "Wannabe" и "Spice Up Your Life" се само мал дел од песните кои сите ние ги знаеме напамет сè уште.





Иако некогаш беа познати како "диви девојки" кои за момент ја загреваа атмосферата на настапите, денес тие водат сосема поинакви животи.

1. Гери Халивел



Некогашната "Ginger Spice" се обиде да ја продолжи својата шоу бизнис кариера, но како солист. Меѓутоа, тој проект не се прослави нешто особено. Денес таа се занимава со мода и има сопствена колекција од бикини. Гери беше на мета на жолтиот печат поради аферата со оженет човек, односно возачот на Формула 1, Кристијан Хорнер, кој поради неа ја остави својата сопруга и шестмесечната ќерка. Гери и Кристијан денес се во среќен брак.

2. Ема Бантон



Ема или некогаш популарната "Baby Spice" повремено се појавува како член во жири комисиите на различни музички натпреварувања, а со сопругот Џејд Џонсон, поранешен пејач во групата "Damage" има и две деца.

3. Мел Б.



Мел своевремено имаше свое ријалити шоу, а и понатаму се појавува на бројни музички натпреварувања како дел од жири комисијата. Мел од првиот брак ја има ќерката Финикс (12), додека од кусата врска со актерот Еди Марфи ја има ќерката Ејнџел (4). Со филмскиот продуцент Стивен Белафонте таа го доби и своето трето дете.

4. Мел Ц.



Мел Ц. или некогашната "Sporty Spice" своевремено беше позната како најжешка членка на групата, но денес таа изгледа сосема поинаку. Мел исто така продолжи со музичката кариера, а првиот албум кој го издаде после напуштањето на бендот беше прилично популарен.

5. Викторија Бекам



Убедливо најголема трансформација, но и успех, доживеа токму Викторија Бекам и тоа откако се омажи за прочуениот фудбалер Дејвид Бекам. Денес таа е една од најбараните модни креаторки чии креации се одликуваат со истенчен стил и елеганција. Пош красеше и бројни модни списанија и насловни страници, а со сопругот Дејвид има четири деца.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О