Планински дијамант: Овој базен е најдобро чуваната тајна на Исланд

Една од најдобро чуваните тајни на Исланд, е скриениот базен во Селјавалаугуа. За него ретко кој знае, па токму поради тоа се смета вистинско мало национално богатство.

Сместен во еден од најживописните предели на Исланд, овој напуштен базен е полн со топла вода од подземни извори, а окружен е со планини чии врвови се прекриени со снег.

Базенот во 1927. година бил направен во рамките на некој вид национална стратегија. Имено, властите во Исланд сметале дека жителите, со оглед на тоа дека претежно се занимаваат со риболов, мора да знаат да пливаат.



Денес ниеден Исланѓанец не може да заврши основно училиште, а пред тоа да не мине на тест за пливање.

Базенот од Селјавалаугуа веќе долго време не служи за првобитната цел, меѓутоа, сега претставува вистински рај за авантуристите.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О