А што ако "Епл" ја купи Грција!?


Се започна како шега на конференцијата на акционерите на "Епл" пред неколку години.

Еден од учесниците на конференцијата предложи дека „Епл“ треба да ги искористи своите пари во готовина, која сега изнесува околу 194 милијарди долари и да ја купи Грција.

Тим Кук, директорот на „Епл“, не беше убеден во тоа. Тој рече дека „Епл“ разгледува многу работи за инвестирање, но купувањето земји, не е една од нив.

Меѓутоа, Леонид Бершидски од „Блумберг“ смета дека можеби Кук ја пропушти шансата.

Оваа недела Грција прибегна очајнички мерки да собере 750 милиони евра со цел да го плати долгот на ММФ. Градоначалникот на Солун бараше да му се предадат резервите бидејки на некои им доцнат со платите. Од владата предупредуваа дека ќе останат без пари за само неколку недели.

Во меѓувреме, „Епл“ собра 194 милијарди долари во готовина, но и натаму продолжува со исто темпо. Компанијата се откажа од некои скапи проекти, како што е мисијата во вселената или новиот вид автомобили, но од друга страна вложуваше во подобрување на мали производи кои веќе ги имаат, како што е „Епл воч“.

Бершидски пресмета дека „Епл“, „Мајкрософт“, Гугл“ и „Циско“ имаат околу 429 милијарди долари залиха.

Повеќето бизниси ги водат надвор од САД поради даночните олеснувања кои ги добиваат во други земји.

Ако половина од тие пари ги искористат како кауција за Грција, тоа би го намалило долгот на земјата на 70% од БДП, кој тогаш би можел да се контролира.

За возврат, Грција би можела да им понуди на овие технолошки гиганти некој даночен договор. Toа е нешто што „Епл“ веќе го има во Ирска каде плаќа данок на добивка од само два проценти, иако корпоративниот данок во Ирска е 12,5 oтсто.

Бершидски вели дека постои можност и ЕУ да прифати ваков вид на договор, и покрај истрагата која се води против „Епл“ во Ирска, затоа што несакаат Грција да банкротира.

Грција би можела да стане ново седиште на „Епл“, „Мајкрософт“, „Гугл“ и „Циско“, а тоа би можело да го зголеми и бројот на работни места и дополнително да ја развие технологијата во земјата.

„Убеден сум дека ваквиот вид на спасување ќе наиде на одобрување кај граѓаните на Грција, доколку се распише референдум“, вели Бершидски.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О