Северна Америка - Целокупното Атланско крајбрежје би исчезнало. Сан Франциско би станало збир од острови, а Калифорнискиот залив би се проширил кон северот, до Сан Диего, кој повеќе не би постоел.

Јужна Америка - Басенот на реката Амазон, би станал влез за Атланскиот океан, што би довело до исчезнување на Буенос Аирес, Уругвај и голем дел од Парагвај. Планинските делови би го преживеале овој „напад“ на вода, заедно со карипското крајбрежје и Централна Америка.

Африка - Во споредба со другите континенти, Африка би изгубила значително помалку земја во оваа катастрофа. Во Египет, Александрија и Каиро, би биле претворени во мочуришта со подигнувањето на нивото на морето во Медитеранот.

Европа - Лондон би станал само сеќавање, додека морето повторно ќе ја преземе Венеција. Ова катастрофално сценарио исто така би ги однело Холандија и Данска.

Азија - Земјата во која живеат 600 милиони Кинези би била поплавена како и Бангладеш со своите 160 милиони жители, заедно со добар дел од крајбрежна Индија.
Австралија - Поголем дел од Австралија ја сочинуваат пустини, така што овој континент би добил ново море во самиот центар, но и би изгубил дел од крајбрежните подрачја, каде денес живее најголем дел од популацијата.