
На почетокот тие се сосем обичен вљубен пар кој има нормално секојдневие, утринско будење и појадување, секој на своето работно место, па вечерта повторно заедно. Уживаат во сè што прават и во сите обврски кои ги имаат.
Сето тоа изгледа идилично сè до еден момент, кога девојката почнува да го губи видот. И понатаму се труди да прави сè како претходно, но веќе ништо не е исто.
Тој ја забележува, но таа не признава. Сè до еден момент кога мора да се соочи со вистината. Оттогаш сè е променето, но поради неговата љубов, посветеност и внимание навидум се чини како сè да е исто.
Тој секојдневно ја следи во сè што прави, без таа да знае, а причината е само неговата безусловна љубов која ќе ве остави со солзи во очите: