Мафијаш ослободен бидејќи бил - алергичен на затвор: Изгубил 10 килограми па го пратиле на домашно лекување!


Лампада, според експертите, поради начинот на живот развил аверзија кон луѓето во униформа, а поради решетките во ќелијата паднал во депресија.

Еден мафијаш, осуден на 14 години затвор, бил ослободен бидејќи бил алергичен на затвор. Имено, според Daily mail, Џулијано Лампада за 7 месеци изгубил 10 килограми, а воопшто не ја напуштил својата ќелија.

Тој одбивал да јаде сè освен овошје додека бил затворен. По прегледот од неколку лекари, тој бил прогласен за неспособен за затвор. Лампада според експертите, поради начинот на живот развил аверзија кон луѓето во униформа, а поради решетките во ќелијата паднал во депресија.



Судијата во Милано му дозволил да биде во домашен притвор за да се опорави.

Лампада бил уапсен во ноември 2011-тата година, и осуден на 14 години и 5 месеци затвор поради поврзаност со мафијата.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О