103 годишен младоженец и 91годишна невеста си рекоа “да”

103-годишниот Џорџ Кирби и 91-годишната Дорин Лаки, одамна станаа прадедо и прабаба, нo не дозволија возраста да им попречи и се венчаа денеска во Eastbourne, Англија.



Тие се најстариот нововенчан пар во светот, пренесува АФП.

Дорин – во бел фустан со шарени мотиви – се бакна со Џорџ, облечен во темен костум, кој беше во инвалидска стол со амблемот на Параолимписките игри во Лондон во 2012 година. Пред тоа двајцата живееле заедно без брак 27 година.

Заедничката возраст на двојката е 194 години, со која според Гинисовата книга на рекорди тие го скршиле претходниот рекорд од 191 од 2012 година на Французите Франсоа Фернандез и Мадлен Франсин.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О