
Сајтот би требало да им го олесни на корисниците емитувањето во живо на игрите без потребата од претходно закажување на термин и отворање на посебни линкови што ќе може да се споделуваат со останатите корисници.
YouTube со овој потег ќе стане директна конкуренција на Twitch, гејмерскиот видео сајт, што Amazon го купи минатата година за околу милијарда долари. Twich има околу 100 милиони корисници кои месечно прегледуваат околу 1,5 милиони стримови од игри.