Во „Get Hard“ Вил Ферел ја толкува улогата на милионерот Џејмс Кинг, кој ќе биде осуден на затворска казна поради измама и знаејќи дека треба да се соочи со затворот, бара помош од лик по име Дарнел (Кевин Харт). Џејмс очекува Дарнел да го подготви за животот зад решетки.
Веднаш зад оваа комедија на листата најпиратирани филмови се наоѓа „Run All Night“ во кој главната улога ја толкува Лиам Нисон, додека пак на третата позиција се наоѓа „Kingsman: The Secret Service“.
Топ 10 листа на најпиратирани филмови:
1. Get Hard
2. Run All Night
3. Kingsman: The Secret Service
4. Jurassic World
5. Chappie
6. San Andreas Quake
7. Furious 7
8. Home
9. Blackhat
10. Unfinished Business