
Ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика на редовната двонеделна седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати.
Согласно одлуката на регулаторите, литар еуросупер БС-95 поскапува за 1 денар, со што новата цена изнесува 71,50, додека литар еуросупер БС-95 поскапува за 1,5 денари на 73,50 денари.
Малопродажните цени на еуродизелот (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит и со тоа цената на еуродизелот изнесува 56,50 ден/лит, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 45,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,053 ден/кг, и со тоа цената на М-1 НС изнесува 27,816 ден/кг.