Како на филм: Тие побегнале цели 11.000 километри од Путин, но тој секако ги пронашол!

Биткови побегнале како би ја пронашле својата среќа во Средна Америка, бидејќи назад во својата татковина тие очигледно ги налутиле луѓето на Путин, но од Русите се чини дека не може да се избега.

Игор и Ирина Битков мислеле дека се безбедни и мирни во Гватемала. Рускиот пар среќно живеел со своите нови идентитети во Средна Америка при што биле уверени дека веќе сите неволји се зад нив. Но, на 15-ти јануари Игор, Ирина и нивната 25-годишна ќерка Анастасиа се уапсени пред нивниот дом во предградие на Гватемала, па последните пет месеци ги минале во затвор во исчекување на судењето. Освен тоа, првите пет затворски денови ги минале во кафези во гаражите под градскиот суд, спиејќи на бетон.

Сите тројца биле обвинети за поседување на лажни документи, а би можеле да бидат екстрадирани во Русија каде се барани поради наводно за економски криминал, вклучувајќи измама, кражба и намерно банкротирање – обвиненија за кои што тие тврдат дека се политички мотивирани и невистинити.


Спротивно од руските медиуми во кои се портретирани како криминалци кои што побегнале полни со пари, Биткови инсистираат дека едноставно немале среќа и дека се жртви на успешното заедничко делување на руските агенти, организираниот криминал и соперничките финансиски интереси кои заговараат за да се фатат сите успешни деловни луѓе кои би се извеле пред корумпираното судство.

Руска приказна за успехот

Игор и Ирина моментално се во болница под 24-часовен полициски надзор. Игор се разболел откако ги затвориле, а Ирина е покрај Анастасиа која што доживеала нервен слом набрзо откако била уапсена, бидејќи ѝ биле одземени лековите кои што ги пиела поради биполарно пореметување, кое што ѝ било дијагностицирано накусо откако Биткови се одлучиле на бегство, пред речиси 10 години.


А сето ова започнало во 1993-тата година, кога Игор и Ирина започнале со работа во дрвната индустрија откако купиле компанија во Новодвинск. Тоа бил период во кој на земјата ѝ недостигале природни ресурси, па многу поранешни советски гиганти банкротирале поради лошо водство. Успешни можеле да станат единствено младите капиталисти кои што ги следеле западните трендови и биле подготвени да купат фабрики и да ги модернизираат, токму како што сториле и Биткови.

До 1996-тата година тие вределе околу 100 милиони долари, при што почнале забрзано да се шират. Се преселиле во Санкт Петербург и ја зголемиле компанијата и производството на новооснованата компанија. Ја купиле и една од најстарите фабрики за хартија и целулоза во Русија, во Каменогорск, блиску руско-финската граница, и амбициозно марширале и понатаму.


До 2003-тата година фабриката во Каменогорск била најголем производител на школски учебници, со тоа што во 1999-тата година Биткови ја купиле и втората најголема фабрика во Калининград, поради што требале да подигнат и голем кредит од Sberbank, најголемата руска финансиска институција, и тоа во вредност од 450 милиони евра. Како би успеале да го отплатат кредитот, тие биле принудени да подигнат уште неколку кредити, со тоа што најголемиот бил кај Gazprombank и VTB кои што се исто така под контрола на власта. За целото време тие ниту еднаш не доцнеле со отплатите ниту пак имале било каков проблем со кредитите.


Во 2003-тата година нештата сепак почнале да се менуваат кога владините службеници започнале да ги притискаат Биткови со цел да учествуваат во измамата на изборите, во името на политичката странка Обединета Русија. Тие морале да уплатат извесна сума на нивниот кандидат без приговор, но и да им кажат на своите работници за кого мора да гласаат при што требало да им организираат и бесплатен превоз до гласачките места.

Во 2005-тата година на Ирина ѝ пристапиле политичари кои што започнале психички да ја малтретираат и притискаат сè додека во 2007-мата година не посакале да ја именуваат во водечки претставник на Обединета Русија во Калининград. Ирина тоа го одбила во тоа време бидејќи таа и Игор веќе на големо биле загрозени од политиката на Путин, па потајно дури и ѝ потпомагале на тогашната руска опозиција.

Киднапирањето на нивната ќерка го наговестувало почетокот на крајот

Тогаш била киднапирана 16-годишна Анастасиа. После отплатата на откупнината во висина од 200.000 долари, три дена подоцна Анастасиа ја вратиле кај родителите. Но таа била силувана и трауматизирана. Родителите набрзо дознале и дека нивната ќерка е дрогирана, поради што не се сеќавала на ништо што ѝ се случувало во изминатите неколку дена, за потоа да заболе од анорексија и да стане крајно изолирана личност. Инаку таа била голем верник, но веќе одбивала да оди и во црква, за на крајот да ѝ биде дијагностицирано биполарно пореметување.

Полицајците на Игор и на Ирина им кажале дека Анастасиа била киднапирана од страна на банда специјализирана за индустриска шпиунажа, позната по своите високи уцени. Наводно оваа банда соработувала со тајните служби и никогаш не би киднапирала дете од богати бизнисмени без зелено светло од странските известувачи.

После ваквите сознанија, Биткови одлучиле и да ја напуштат Русија. Тие ја однеле Анастасиа најпрво во Тибет, бидејќи таа отсекогаш сакала да го посети тој предел, па потоа во здравствената клиника во Израел каде што стручњаците ѝ помогнале да се опорави од преживеаната траума. Таму останале до 2007-мата година, после што се преселиле во Велика Британија каде Анастасиа започнала да оди и на училиште и од каде никогаш повторно не се вратила во Русија.

Во меѓувреме, Биткови повремено се враќале во својот дом поради работни обврски, иако состојбата никако не се подобрувала. Во 2008-мата година тие примиле опомена дека наскоро би можеле да бидат уапсени поради економски криминал, за месец дена подоцна да добијат опомена од банките дека мора да го вратат полниот износ во рок од 48 часа. До тогаш тие исплатиле 70 отсто од кредитот, но немале шанса за да соберат околу 100 милиони долари во толку кус временски рок, па сфатиле и дека сепак ќе мора засекогаш да ја напуштат Русија.
Откако едвај побегнале од својата родна земја, оставајќи буквално сè зад себе, тие преку ноќ останале без ништо, при што немале време дури и ниту да ги земат своите семејни фотографии и спомени.

Нов почеток во Средна Америка

Во летото во 2008-мата година тие примиле порака да се вратат во Русија и да платат 10 милиони евра при што сè ќе им биде простено. Со оглед на фактот дека оваа понуда и не им се допаднала сосема, тие побегнале во Гватемала, каде биле и канцелариите на адвокатската фирма со која што во тоа време тие соработувале, а која им дала до знаење дека за тамошен престој не им е потребна виза.

Ги промениле и идентитетите (Игор дури два пати), па станале Леонид Захоренко и Мариа Ирина Родригез Германис. Биле среќни, научиле шпански и купиле нов дом. Игор предавал математика, а Ирина ликовно, а набрзо добиле и син кој го нарекле Владимир.


Во руските медиуми во 2009-тата година се проширила веста за нивните наводни "злосторства" и започнала да се шири потрагата по нив.

Во 2010-тата година во Гватемала им се придружила и Анастасиа која не сакала да преземе нов идентитет, но ја променила бојата на својата коса и направила естетски хируршки зафати, па родителите сметале дека ниту најмалку не наликувала на 16-годишното девојче кое што пред неколку години ја напуштилo Русија.

Анастасиа започнала да се занимава со манекенство под името Анастасиа Авен, и била толку многу успешна што наскоро почнала и со снимање на рејалити емисија токму со неа во главната улога. Игор и Ирина велат дека на ниту еден од нив не им е во крвта да живеат во сенка, а со оглед на фактот дека имале нови идентитети и пасоши со кои што патувале ширум светот, тие не се грижеле дека би можеле да имаат и нови проблеми.

Во меѓувреме, тие останале без сè што имале назад во Русија – куќи, автомобили, компании. Сè им било одземено, а не им останал дури и ниту семејниот фото-албум.

Тврдат дека во летото во 2008-мата година добиле порака од двајца мажи кои што им кажале дека ги испратил токму Владимир Путин. Наводно им понудиле да платат 10 милиони евра, да се вратат во Русија при што сè ќе им биде простено, но таа понуда за нив не била прифатлива.

Нажалост, очигледно дека сепак Биткови биле и премногу лежерни, бидејќи набрзо биле лоцирани од страна на правниците од едната од банките во која што должеле пари и кои ги известиле локалните власти дека треба да ги уапсат со оглед на фактот дека имаат лажни идентитети.


Синот Владимир не е со нив во затворот, бидејќи е роден во Гватемала, а семејството стравува дека никогаш повторно нема да го видат.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О