
Рекордното возење стартуваше на 9 јуни во Мастрихт во Холандија. Патот потоа ги водел низ Белгија, Луксембург, Германија, Франција, Швајцарија, Лиштенштајн, Австрија, Италија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија, а финалето беше во Унгарија.
Во текот на патувањето тие поминале вкупно 1.856 километри.

За постигнувањето на рекордот го користеле серискиот модел Audi A6 Ultra, опремен со 2.0 дизелски мотор со 190 коњски сили. Во текот на планирањето тие внимателно се труделе да ги избегнат зоните во кои се можни сообраќајни метежи и застои.
Според фабричките податоци, A6 TDI Ultra во комбинираниот мод на возење троши 4,2 литри на 100 километри, додека на отворен пат е 3,8 литри на 100км. Сепак, возејќи со просечна брзина од околу 80 километри на час Франкел и Џексон успеале да ја симнат потрошувачката на 3,7 литри на 100 километри.

Иако логиката вели дека за соборување на рекордот би било попрактично да се користи помал и полесен автомобил, овој тест покажа дека современите луксузни лимузини дури и со тежина од 1.700 килограми можат да бидат многу економични.