Зошто не треба да верувате на „пред и потоа“ фотките?

Британката Софи Кеј не верува во брзите решенија за слабеење што секојдневно се рекламираат со разни „пред и потоа“ фотки кои наводно покажуваат неверојатни резултати. За да покаже дека не постојат магични третмани таа на својот блог напиша текст меѓу кои спомнува и дека не треба да се верува на таквите селфи фотки, бидејќи најчесто не се одраз на вистинската слика.



Софи која е блогерка и се занимава со фитнес, објаснува дека за слабеење е потребно многу време и вежбање, како и дека нема скратен пат до витката става.

За да покаже дека таквите фотографии се лажни, таа објави две свои фотографии во „пред и потоа“ стил, за кои напиша дека се направени со временска разлика од само пет минути, во кои го изгасила горното светло, ја сменила облеката и направила поза која е поатрактивна и ги истакнува добро цртите на телото, додека истовремено ги крие маните.

Во интервјуто за Independent, Софи објаснува дека таквата пропаганда и здосадила бидејќи поттикнува нереална слика за делото.

„Мојата цел е да им помогнам на луѓето со вежби да се чувствуваат подобро во своето тело, а не да наликуваат на некој друг. Особено не на некој што не изгледа како што се покажува на фотографиите“ - вели таа.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О