Том е еден од најмладите личности кои некогаш откриле планета, наведено е во соопштението од Универзитетот "Кил" во Англија, каде пред две години дошол до откритието, додека бил на пракса.
Новата планета, која го добила името "WASP-142b", многу личи на некои од првите егзопланети, откриени кон средината на 90-тите години, кои по многу работи се разликувале од тоа што астрономите до тогаш го виделе.
Новооткриената планета влегува во групата егзопланети познати како Жешки Јупитери - поради тоа што се големи како Јупитер, а за разлика од Јупитер, кружат многу блиску до својата матична ѕвезда - оддалеченоста е помала од растојанието меѓу Сонцето и Земјата.

Поради тоа температурата на нивната површина е пеколна - 1.000 степени Целзиусови.
Планетата на Том се наоѓа во далечен систем внатре во Млечниот пат, на 1.000 светлосни години од Земјата. Има слични димензии како Јупитер, но потребни и се само два дена да направи круг околу својата ѕвезда. Колку за споредба, Јупитер го обиколува Сонцето за 12 години, или 4.272 дена.
Благодарение на димензиите и близината, Жешките Јупитери може релативно лесно да се видат низ современи и моќни телескопи со примена на едноставна техника на детекција. Техниката која момчето ја користело функционира по принцип на анализа на количината на светлина која егзопланетата ја блокира кога минува меѓу Земјата и матичната ѕвезда.

Вселенскиот телескоп на НАСА, "Кеплер", од 2009-тата година со оваа техника детектирал илјадници кандидати за егзопланети ширум Млечниот пат, од кои голем број биле потврдени.
За ова да го направите, не мора да имате телескоп. Том ја открил егзопланетата со помош на проектот "WASP", кој користи мали телескопи на Земјата со способност за собирање на светлина.
Неговото откритие било потврдено две години подоцна. Том, кој сега има 17 години, вели:
"Многу сум среќен што открив нова планета и импресиониран сум што можеме да детектираме нешто толку далечно".