Шпионирањето на француските претседатели се вршело во периодот од 2006-тата до 2012-тата година, пренесува Liberasion.

"Нема да коментираме специфични разузнавачки тврдења", соопштиле за новинарите од Советот за национална безбедност при Белата куќа.

"Ние не спроведуваме никакви странски разузнавачки активности, доколку за тоа не постои национален интерес", се вели во соопштението.
"Тоа се однесува и на обичните граѓани и на светските лидери", додадено е во соопштението кое го издала канцеларијата на директорот на Националната разузнавачка служба, Џејмс Клапер.
Оланд не се огласил јавно за наводното прислушување. Извор од неговата канцеларија рекол за AFP дека претседателот, по тој повод, за денес закажал состанок со шефовите на одбраната и на разузнавачките служби.