Произведен е во рамките на 350 милијарди евра вредната обнова на руското вооружување и во состојба е да стане целосно автоматизиран, што го прави комплетно роботизиран.
Оваа воена машина била меѓу многуте кои биле прикажани на воената парада во Москва на 9-ти мај, одржана по повод 70-годишната од победата над фашизмот. Тогаш некои руски и западни медиуми се шегувале на сметка на новиот руски тенк, кој од необјасниви причини застанал за време на генералната проба за парадата.
Британски Daily Mail сега ја сменил приказната и го претставил тенкот во полно светло. Виктор Мураховски, пензиониран генерал во руската војска, кој сега го уредува военото списание "Арсенал на татковината", вели дека "Армата т-14" претставува огромен чекор во рускиот дизајн, но и дека имал висока цена.
"Тенкот е многу поскап од сегашните модели. Но далеку ги надминува сите руски и странски тенкови кога станува збор за односот на цената и ефикасноста", смета Мураховски.

35-годишниот Илја Демченко, еден од творците на тенкот, вели дека компјутерскиот систем на "Армата" држи под контрола повеќе технички функции, овозможувајќи му на екипажот да се концентрира на своите клучни задачи.
"За екипажот, тоа е како играње видео игра, каде се прават некои финални потези и се носат одлуки", навел Демченко.
Ник де Ларинага, уредник за Европа на американскиот воен неделник "IHS Defence Weekly", се согласува дека "Армата" претставува технолошки напредок за Русија.

"Екипажот има многу поголеми шанси да преживее во случај на уништување на тенкот. Доколку ги погледнете руските тенкови од стар дизајн, тие имале обичај да експлодираат на спектакуларен начин, со многу мали шанси за екипажот да преживее", објаснува Де Ларинага.
"Армата" е опремена со 125-милиметарски топ, поседува противтенковски ракети "сокол-1" и има по пет одбранбени системи на вооружување од двете страни. Поседува камера со висока резолуција, како и најсофистицирана радарска технологија, како и скриени сензори кои детектираат скриени противтенковски мини.

Покрај брзината од 75 km/h, и големата огнена моќ, тенкот има и нови технички особини за заштита на екипажот. Во тенкот не мора секогаш да има луѓе.
Според мислењето на експертите за безбедност, автоматизацијата на кабината може да отвори пат за изработување на тенк без екипаж, целосно автоматизиран, со далечинско управување. "Армата" има по седум челични тркала на двете страни, а ги движи турбо мотор со јачина од 1.500 коњски сили. Во целост ги надминува најдобрите американски воени тенкови.