Ова се четирите најпромискуитетни хороскопски знаци

Прочитајте кои хороскопски знаци никако не можат да ги контролираат своите страсти.

Близнаци

Секогаш сакаат да имаат повеќе опции. Љубопитни и секогаш подготвени да направат чекор понатаму во она што ги интересира. Луѓето родени под овој знак се подготвени да направат било што за да го прошират своето сексуално знаење – дури и по цена на уништување на својата врска. Близнаците ретко се задоволни, па непрестано бараат нова забава и начини да се задоволат себе си и својот партнер.



Стрелец

Нивното либидо тешко е да се задоволи. Најнемирен меѓу ѕвездите, тој сака да биде слободен и да ги следи своите страсти, не познавајќи граници и препреки. Како и Близнаците, страствените Стрелци нема да се жалат ако во именикот имаат и неколку броеви достапни во секое доба.

Риби

Иако се мирни и чувствителни, тие заслужуваат место на оваа листа. Оние родени под знакот Риби обожуваат мали излети, а сексот неретко е еден од нив. Кога се во прашање сексуалните фантазии, овие личности се вистински експерти, па често ќе бакнат и премногу жаби пред наоѓањето на својот принц. Сепак, нивниот промискуитет најчесто е производ на нивниот непоправлив оптимизам во потрага по вистинската љубов, отколку секс.


Шкорпија

Каква би била оваа листа доколку го изоставевме знакот кој претставува симбол на сексот. Овој мистериозен и по малку темен знак е способен да оди од крајност во крајност – или ќе биде опкружен со партнери до изнемоштеност или целосно ќе биде опседнат сам со себе. Без оглед на тоа, сексот игра голема улога во животот на Шкорпиите. Тие се фасцинирани од сексот и токму поради тоа непрестано бараат нови сексуални искуства.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О