7 ефикасни трикови за тенка половина

Летото е пред нас, а разголеното тело е она што го прави поинаку од останатите годишни времиња. Секој посакува изглед на холивудска ѕвезда но дали има начин како тоа може а го постигнеме и ние “обичните“ смртници.


Стомакот е најпроблематичниот дел од телото кај жените - женската ахилова пета. Како секој залак да се лепи токму таму, решен да и напакости на фината женска фигура која наликува на песочен часовник.

Но како да ја задржите витката линија?

Внесувајте вода

Водата е најважниот дел за забрзување на метаболизмот и олеснување на работата на цревата и желудникот. Препорачливо е 8 чаши вода т.е 2 литри/дневно без разлика на чувството на жед.

Држете го телото право

Со исправениот од, стомакот се вовлекува и неговите мускули се затегнуваат и опуштаат при вдишувањето и издишувањето. Ова не е трик да го кирете стомакот од останатите туку ова позитивно влијае на затегнување на стомачните мускули како при седење така и при извршување на било која дневна активност.

Чај од магдонос

Конзумирајте чај од сув магдонос и мала лажичка ким во прав, по 3 пати на ден. Магдоносот содржи силикатна киселина која влијае врз затегнувањето на телото.

Избегнувајте овошје после оброк

Јадењето овошје после оброк доведува до ферментација и појава на надуеност и замор, а со тоа и потреба од благо. Избегнете го овој затворен круг со замена на овошјето во вечерните часови со чаша јогурт.

СТОП за газираните пијалоци, гуми за џвакање и пиење од сламки

Газираните сокови, гумите за џвакање и пиењето од сламка не тераат да голтаме воздух и сето тоа ни предизвикува гасови и надуеност. Покрај тоа дополнителен негативен ефект имаат гумите за џвакање, кои го лажат желудникотдека ќе внесуваме храна и на тој начин му праќаат сигнал побарува уште.

Пешачете, трчајте, воезете велосипед

100% загарантирани резултати носат физички вежби како шетање во природа, трчање или возење велосипед кои позитивно влијаат на организмот, а наедно ви причинуваат и задоволство. Според стручњаците целта е дневно да поминете 10.000 чекори. Доброто друштво е формула за успех.

Ппавете кардиоваскуларни вежби

Професионалните тренери за фитнес се свесни дека стомачните вежби не се најефикасниот начин за рамен стомак, додека пак ние упорно се држимедо таа класика. Затоа пробјате нешто ново.

Најефективни се т.н. вежби „штици“. Телото се поставува во положба за правење склекови, но место на дланките се потпираме на лактите и најголемиот напор паѓа врз стомачните мускули. Вежбата се повторува најмалку 10 пати и потоа секојдневно го зголемуваме бројот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О