Силната црвена боја која е карактеристична за овој плод се должи на присуството на антоцијанинот, кој претставува пигмент кој е одговорен и за прекрасната боја на боровинките, капините, виолетовиот кромид и зелка, но и цвеклото. Оваа растителна боја всушност помага и при разни запаленија и има моќ да ја намали болката.
Може да се користи при диети, но и при ублажување на болки при артритис, и како превенција од дијабетес, кардиоваскуларните болести и карцином.
Таа е богата со калиум, магнезиум и железо.
Бројни истражувања ги открија делотворните влијанија на црешата врз здравјето. Научници потврдиле дека црешата е одлична и за срцето, го намалува нивото на холестерол и го снижува високиот крвен притисок.
Неколку цреши дневно се доволни за вашата енергија да биде на навистина завидно ниво. Не заборавајте дека тие се и моќен диуретик кој ќе го реши проблемот со задржаната вода во организмот, а тоа е одличен начин за пред да заминете на летен одмор да се ослободите и од непосакуваниот целулит.