Напаѓачот од Далас убиен со снајпер!


Мажот осомничен дека вчера од оклопно возило пукал во близина на седиштето на полицијата во Далас, бил убиен денес, откако еден полицаец за време на потерата го погодил од снајпер, потврдиле властите.

Напаѓачот бил пронајден мртов во своето оклопно возило, на паркинг во предградието на Далас, каде неколку часа одолевал на полицијата која го обиколила.


Шефот на полицијата, Девијд Браун, рекол дека откако напаѓачот бил погоден, полицијата го изгубила контактот со него.

Неговата смрт не била веднаш потврдена, бидејќи полицајците не можеле да се доближат до возилото поради опасноста дека во него можеби има експлозив, пренесува AP.


Браун рекол дека полицаец го погодил осомничениот, кој се наоѓал во возилото на паркинг во предградието на Далас.

Мажот претходно им рекол на полицајците дека во возилото има експлозив, додал Браун.


Истражителите мислат дека осомничениот сам го извршил нападот на седиштето на полицијата во Далас, иако според првите изјави на сведоците имало показатели дека во нападот биле вмешани и други луѓе.


Во близина на седиштето на полицијата биле пронајдени две експлозивни направи.

Браун рекол дека осомничениот за нападот се претставил како Џејмс Булвер и ја обвинил полицијата дека му го одземала старателството над синот и го прогласила за терорист, пренесува AP.


Булвер рано утрово отворил оган од автоматско оружје на полициската станица во Далас, а полицијата започнала потера додека тој бегал во оклопно возило.

Полицијата пред станицата нашла четири торби, а во една од нив имало импровизирана бомба која подоцна експлодирала. Жителите на зградите во близина биле евакуирани поради предпазливост.

Осомничениот Булвер по потерата бил обиколен од страна на полицијата на паркингот на еден ресторан за брза храна во близина на Далас.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О