Тоа што во овој момент е познато е дека станува збор за Шпанец, играч од светска класа, открил Бартомеу. Тој играч ќе биде негов главен адут во завршницата од претседателската кампања.
Шпанските медиуми веќе започнаа да шпекулираат во врска со „мега-засилувањето“ на Барселона, а во игра се три имиња - Иско, Парехо и Коке. „Економист“ кој не е спортски таблоид тврди дека станува збор за фудбалерот на Реал Мадрид, Иско.
Иско наводно сакал да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, незадоволен е од минутажата, а познато е дека е голем навивач на Барселона.

Сепак, тешко е да се поверува дека Реал ќе го продаде Иско на својот најголем ривал, додека пак Диего Симеоне тврди дека во Атлетико Мадрид единствено Диего Годин и Коке не се на продажба. Како и да е „Јорганџиите“ за Коке бараат 70 милиони евра, пари кои не би требало да претставуваат проблем за Каталонците, посебно ако Погба ова лето се пресели во Франција или Англија.
Последен играч кој е во игра за трансфер на Барселона е Дани Парехо, капитенот на Валенсија кој дефинитивно би бил најлесна мета за Каталонците, но сепак дискутабилно е дали Парехо е играч од светска класа.
