Бурето на Златен Даб во улога на Тројански коњ за влез на жените во светот на мажите!

Златен Даб повторно импресионира со фантастичен рекламен спот, а овојпат тие гордо може да се пофалат дека се работи за најобемниот рекламен проект снимен досега за македонски бренд.


Нивната приказна овојпат е сместена во средниот век, и тоа во Шкотска, каде голема група жени се обидува да ги врати своите мажи дома. Откако тие сепак не успеваат да пробијат во добро чуваниот замок, жените го користат најдобриот начин за да влезат во светот на мажите – пивото.

„Златен Даб е бренд кој им раскажува сосема поинаква приказна на своите потрошувачи. Се обидуваме постојано да изненадиме со интерактивни кампањи, со креативност, бидејќи овој бренд сака да им даде повеќе на своите потрошувачи. Сакаме на несекојдневен начин да ја раскажеме приказната за пивото, сосема подруг, повозбудлив начин од нашето секојдневие. Се покажа дека креативниот и инвентивен пристап, кога станува збор за Златен Даб се цени од потрошувачите и дека успеавме да направиме голем исчекор во тоа како не перципираат и што да очекуваат од Златен Даб. Високиот квалитет на пивото, поддржан од иновативен и интересен начин на комуникација дава одлични резултати”, изјави Александар Чатлески, бренд менаџерот на Златен Даб.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О