Инстаграм сензација: Мачето со очи како на вонземјанин

Mатилда добила повеќе од 40.000 Инстаграм следбеници како резултат на нејзиниот изглед. Ова маче не е како секое секојдневно маченце. Нејзините очи наликуваат на големи летечки чинии.



Станува збор за ретка генетска болест која прави нејзините очи да да изгледаат како да имате поглед во вселената.

Нејзините сопственици „Човекот брада“ и „Дамата“ објаснуваат дека нивното маченце иако е слепо, живее среќен и опуштен живот и покрај нејзината состојба.

Матилда родена е 14 февруари 2013-тата година. Сопствениците ја земале од стационар кога била стара 12 недели. Додека била малечка немала никакви знаци за болест. Нејзините очи на почетокот биле сосема нормални како и на секое маченце, но нештата започнале да се менуваат.



Полека но сигурно нејзините очи започнале да го менуваат својот изглед. Ветеринарот им објаснил дека станува збор за болест каде леќите на окото спонтано се одделуваат. Оваа болест ја имале уште две мачки од леглото.



Одлуката останала на нејзините сопственици дали ќе ја оперираат или ќе остават да функционира онака како што природата сакала. Како за почеток примала капки кои ја ублажиле болката.

За нега на нејзините очи и операцијата која треба да ја има нејзините сопственици добиле 2.500 долари од GoFundMe.

„Што и да се случи, сметаме дека е совршена и убава онаква каква што е. Овој мал вонземјанин ќе го сакаме и негуваме колку што е потребно“ - објаснуваат нејзините сопственици.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О