Заборавени: Прототипот на вселенскиот шатл од советската вселенска програма го "нагризува" забот на времето

Рускиот фотограф и урбан истражувач, Ралф Миребс, успеал да влезе во напуштениот хангар во Бајконур, каде два "бурана" - прототипа на вселенските шатлови на советската вселенска програма - полека ги "нагризува" забот на времето.


Советската "буран" програма траела речиси две децении, од 1974-тата до 1993-тата Година, а само еден орбитален лет бил изведен пред проектот да биде прекинат поради недостиг на средства.



Фотографиите кои Миребс ги направил, покажуваат дека двата некористени "буран" шатлови сè уште се во хангарот, кој првобитно бил направен за склопување на советските ракети "N1", кои требало да ги однесе астронаутите на Месечината.



Еден од двата шатла е "Ok-1K2", наречен "Мала птица", кој бил речиси подготвен за вселенски лет во 1992-та година.



Шатлот тогаш требало да го изврши својот втор автоматизиран лет и да се спои со вселенската станица Мир.



Вториот шатл бил пробен, а служел за тестирања и вежби на астронаутите.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О