Се разбудивте на "лева нога", или можеби вашиот колега на работното место ве изнервира? Не грижете се, решение за овие маки сепак постои, а се крие токму во новиот геџет Thync.

Овој уред се поставува на челото, а тој ќе емитува ниски нивоа на електрични бранови кои ќе ве смират или разбудат, во зависност од тоа што ви е потребно.
Многумина сметаат дека токму Thync е првата дигитална дрога на светот. Оние кои го испробале овој револуционерен геџет тврдат дека тој навистина функционира.

Thync е дизајниран од страна на Џејми Тајлер кој докторирал неврологија и биоинженеринг, и Иси Голдвасер.
Уредот преку Bluetooth се поврзува со паметен телефон, а корисниците преку апликација ќе ја регулираат јачината на емитуваните електрични бранови кои ќе ги смируваат или будат.


Смирувачкиот мод на Thync на организмот му делува како што делува марихуаната, а во енергетскиот мод мозокот ќе размислува појасно.