Академијата „Ла Масија“ е вистинска фабрика за таленти и каталонскиот клуб воопшто не треба да се грижи за својата иднина. Доказ за тоа е Чави Симонс, момчето кое го привлече вниманието на светската јавност, иако има само 12 години.
Чави Симонс потсетува на „вистинскиот“ Чави Хернандез на дуелот на младинците на Барселона и Атлетико Мадрид. Малиот Чави покажа неверојатен талент, неколку прекрасни дриблинзи, лукав обид од далечина, а врвот на сè беше спектакуларната асистенција со која исфрли тројца противници. И по Чави - Чави? Проценете сами...