Под дејство на алкохол, Видал на јужниот влез во Сантиjаго свртел од автопатот и го уништил своето скапоцено Ферари.
По доаѓањето на полицијата било утврдено дека Видал бил под дејство на алкохол. Тој бил приведен, а денес мора да се појави на сослушување во судница.
Сепак, играчот снимил и видео порака, во која вели дека сè е во ред.
"За жал, доживеав сообраќајна несреќа. За среќа, сите ме сме живи и здрави, ви благодарам на поддршката".
Ќе биде интересно да видиме дали Видал ќе биде дел од репрезентацијата на Чиле, која на 20-ти јуни ќе игра против Боливија.